(ФОТО) УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: Туристичките вредности на шарско полошкиот регион

Полог преставува котлина која се наоѓа помеѓу Шар Планина, Буковиќ, Сува Гора и Жеден. Вкупната површина на Полошкиот регион изнесува 1.475 км/2 и се наоѓа на надморска височина помеѓу 300 и 2.747 км2. Полошката котлина се протега во правец североисток југозапад, а се дели на Горен Полог (околу 718 км/2- 45%) и Долен Полог (околу 855 км/2-55%).

This image has an empty alt attribute; its file name is неколку-фотки.jpg
Границата меѓу нив ја прави Боговинска река лева притока на Вардар. Средиште на Горни Полог е Гостивар, додека центар во Долни Полог е Тетово.
Полошката котлина има голема густина на населеност која изнесува повеќе од 200 жители на 1км2. Со густина од 200 жители на 1км2 таа е една од најгусто населението котлина во Р.Македонија. Површината на рамниот дел на котлината изнесува 373 км/2. Ако се анализира рамниот дел тогаш тој се наоѓа на надморска висина од 400 до 600 метри.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is саат-кулата-1.jpg
Туристички гледано полошкиот регион изобилува со природнии културно историски атракции кои се основа за голем број туристички содржини, наменети за различни целни групи.Полошката котлина има што да понуди како интересно туристичко место во Република Македонија . Котлината е обиколена со изразито високи планини, располага и со голем број културно историски локалитети, духовни и сакрални објекти, живи обичаи, традиционални занаети, локална традиционална храна и други туристички вредности.

This image has an empty alt attribute; its file name is беловисте.jpg


Затоа доколку се наоѓате во близина во полошката котлина не пропуштајте да ги посетите стариот дел на Тетово, Тетовското кале, Лешочкиот манастир, Шарената Џамија со Амамот, Арабати баба теќето, Камењанските водопади, Бањиче – изворот на реката Пена, Вратничко езеро, Шар планина со Попова Шапка, Лешница Јелак, Три Води, Љуботен, Маздрача итн

This image has an empty alt attribute; its file name is ако.jpg
Доколку патот ве донесе во Горен Полог-Гостивар, првиот град на реката Вардар има што да ви понуди. Гостиварчани се најгостопримливите луѓе во нашата земја и ќе направат се да се чуствувате пријатно во нивниот град.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …