Што е секс терапија? Добро за парови, но и за самци

Терапијата може да му помогне на лицето да ја истражи својата сексуална историја и да најде решенија за подобрување на сегашноста и иднината.
Иако некои можеби мислат дека сексуалната терапија е резервирана за оние кои биле во проблематична врска или доживеале целосна сексуална дисфункција, сексуалниот терапевт и директорка на Институтот за секс и терапија за односи со интимност (Intimacy Institute for Sex & Relationship Therapy), д-р Џени Скајлер вели дека таквата терапија, како дел од психотерапија, се занимава со сите можни сексуални проблеми на поединец или пар.

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-ljubov-i-seks.jpg


„Сексуалната терапија вклучува сесии со сексуален терапевт кој проценува какви било проблеми со сексуалната функција или интимност, ги идентификува сите дијагнози и развива сеопфатен план за лекување“, објаснува таа, додавајќи дека таквата терапија е за секого, а не само за парови.
„Често работам со самци кои моментално не се во врска, но сакаат да работат на нивните интимни проблеми пред да влезат во партнерство“, изјавила таа за Mind Body Green.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …