(РЕЦЕПТ) Кога ќе ги слушнете сите благодети, ќе го пиете РЕДОВНО: ЧАЈОТ ОД МАТОЧИНА е еликсир за душата, умот и телото

Чајот од маточина е исклучително здрав напиток со пријатен вкус.
Постојат различни здравствени придобивки од маточината, а една од најважните и најпопуларните употреби на ова растение е за ослободување од стрес, нервоза, анксиозност и несоница.
Има вкус и мирис на лимон, а во традиционалната медицина се користи и за разни заболувања, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и за одржување на здравјето на срцето.
Чајот од маточина се користи за киселина во желудникот, надуеност, варење, гадење. Богат е со антиоксиданси, па позитивно влијае на просекот на детоксикација.

This image has an empty alt attribute; its file name is caj-od-matocina-1.jpg


„Истражувањата покажуваат дека маточината е водечко растение за смирување и мирен и квалитетен сон, а многумина го нарекуваат растение за „емоционално исцелување“

Позитивно влијае и на здравјето на жените бидејќи ги намалува проблемите предизвикани од ПМС, а има и антивоспалителни својства – се бори против воспаленија и вирусни инфекции.


This image has an empty alt attribute; its file name is caj-od-matocina-2.jpg

Како се прави чајот од маточина?
Една лажици сушен лист маточина прелијте со 200 мл врела вода. Покријте ја чашата и оставете го чајот да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот и уживајте во напитокот.
Ако сакате послатка варијанта на чај, додадете една лажичка мед.

„Важно е никогаш да не ја варите маточината, туку растението исклучиво се прелива со врела вода и на тој начин се добива здрав напиток“

Покрај чајот, маточината се користи и во здравствената услуга во вид на капсули, таблети и есенцијално масло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …