ЗАТВОРЕН 46. МЕЃУНАРОДЕН ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ МОТ 2021

Со претставите „Имагинарен, ти“ и Блерим Далишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова заврши годинешново 46 – то издание на Млад отворен театар.
Поделен во два блока, во 14. дена гледавме театарски изведби во живо, односно физичко издание на фестивалот, со селективно одбрани театарски претстави кои го одбележуваат овој период на живеење.

This image has an empty alt attribute; its file name is Мојот-маж-фото-Стефан-Самандов.jpg


„Со многу ентузијазам го направивме ова физичко издание на МОТ и не згрешивме. МОТовската публика со уживање ја проследи меѓународната програма и независната домашна театарска продукција, која беше прифатена со одушевување. Без воздржувања констатиравме дека независната театарска продукција го обели образот на македонскиот театар, и ги покажа своите потенцијали за развој, бидејќи билетите за претставите беа продадени неколку дена однапред“, вели Русе Арсов.

This image has an empty alt attribute; its file name is 46.-MOT-фото-Соња-Ставрова-1.jpg


И покрај ограничените капацитети во просторите каде се одвиваа претставите, според важечките протоколи за одржување настани, репертоарот на годинешниот МОТ го проследија повеќе од 1700 лица.

Фестивалска програма составена од 26. претстави беше реализирана со поддршка од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

Фотки на Соња Ставрова и Стефан Самандов

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов …