ВИТАМИНСКА БОМБА – КИВИТО Е ВИСТИНСКО БОГАТСТВО НА ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ: Идеален избор за студените денови, особено се препорачува за трудници, а еве на што се’ влијае!

Мора да признаете дека доволно е да погледнете по овошните тезги во супермаркетот или пазарот и истовремено да посегнете по сочното киви.
Ова кисело овошје со влакнеста кафена кора е идеален избор за студените денови, бидејќи е вистинска ризница на витамини и минерали, а содржи витамини А, Б и Ц, ниацин, протеини, калциум и железо .

This image has an empty alt attribute; its file name is kivi-1.jpg
Идеална храна за трудници
Експертите истакнуваат дека кивито е одлично во исхраната на идните мајки бидејќи витаминот Б, кој е дел од ова тропско овошје, помага за правилен развој на плодот. Се препорачува и за регулирање на крвниот притисок. Исто така, го намалува холестеролот, ги неутрализира слободните радикали, ја зголемува одбраната на телото и помага во отстранувањето на токсините од телото. Кивито е богато со ензим што ги разградува протеините, па затоа е лесно да се вари.


This image has an empty alt attribute; its file name is kivi.jpg

Јадете го свежо
Во текот на зимата овошјето е неопходно, особено поради внесот на витамини, па најдобро е кивито да се јаде во свежа состојба во што поголеми количини. Се препорачува да се чува во фрижидер, а за да се забрза созревањето може да се стави во затворен пластичен сад со јаболко, круша или банана. Она што го прави ова овошје посебно во споредба со останатото е присуството на мали црни семки, кои се многу украсни кога ќе го исечеме плодот на кришки. Иако нашите тропски дестинации се далеку, од ден на ден нашата дневна трпеза може да ја краси ова вкусно овошје, со кое нашето тело станува поздраво, а духот поведар.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …