(ВИДЕО) Изнервираниот Алек Болдвин полетал кај новинарот, Хиларија се’ снимала

Алек Болдвин бил снимен во понеделникот вечерта пред куќата на Вуди Ален во Менхетен, Њујорк, каде вербално се судрил со Џон Левин, новинар на „Њујорк Пост“.
„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?“, го прашал репортерот на холивудскиот актер, на што сопругата на Алек Хилари го замолила да си замине. Кога новинарот одбил, Болдвин видно изнервиран се свртел и се стрчал кон него.
„Не смеете да фотографирате пред нечија приватна куќа!“, извикал Болдвин, гестикулирајќи со раката во која го држел чадорот и обидувајќи се да го турне Левин назад на тротоарот.
Хиларија, очигледно загрижена дека кавгата може да прерасне во физичка пресметка, го фатила сопругот и го задржала на место додека тој конечно не се свртел и не се вратил на влезната врата од куќата на Ален.


„Но, ова не е… Ова е јавна сопственост!“, возвратил Левин, додека Хиларија постојано му вели: „Оди си, престани!“. Притоа таа енергично замавнала со мобилниот телефон со кој најверојатно го снимала новинар, пишува Daily Mail.
„Дали навистина не го повлековте чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали навистина беше дефект?“, Левин постојано поставувал прашања за несреќата на сетот на „Рус“, во која актерот случајно ја уби снимателката Халина Хачинс и ранетиот режисер Џоел Соуза.
Но, Болдвин не му одговорил – вратата зад него веќе беше затворена.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …