(ВИДЕО+ФОТО) На концертот на Адел во Лас Вегас ќе можат да дојдат само луѓе кои се вакцинирани и имаат негативен тест

Обожавателите кои сакаат да присуствуваат на концертот на пејачката Адел во Лас Вегас мора да покажат доказ дека се целосно вакцинирани а треба да имаат негативен тест за ковид-19, пишува Daily Mail.
„Организаторот на настанот бара сите учесници на овој настан да бидат целосно вакцинирани (14. дена од последната доза на вакцина) и да имаат негативен тест за Ковид-19 направен во рок од 48 часа пред концертот“, стои на страницата на која се продаваат билети за концертот на Адел.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)



И’ доказот за вакцинација и резултатот од тестот мора да бидат издадени од давателот на здравствена нега што ја спроведува вакцинацијата или тестирањето. Негативен резултат од домашен тест за Ковид-19 нема да биде доволен за да се влезе во концертот.
Ова барање се однесува на сите кои ќе се квалификуваат за вакцината, без исклучок. Децата кои не се квалификуваат за вакцинација мора да донесат доказ за негативен тест за Ковид-19 направен во последните 48. часа и треба да носат маска за време на концертот.

View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)



Адел минатата недела откри дека ќе има повеќе настапи меѓу 21. јануари и 16. април во Колосеумот во Палатата Цезар. Билетите требаше да бидат пуштени во продажба во вторник, но поради падот на Амазон се очекува билетите да бидат достапни за купување од денеска.

Извор: Daily Mail

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …