Во неодамнешното интервју за „The Sunday Times Style“, италијанската актерка Моника Белучи зборуваше за стареењето, за начинот на кој го одржува својот изглед, но и за прифаќањето на сопствените години.
View this post on Instagram
Како што рекла, оваа 57-годишна актерка не се плаши од стареење, бидејќи го прифатила овој животен процес.
„Има толку многу жени кои се чувствуваат слободни да стареат на поинаков начин“, изјавила таа за магазинот.
Коментирајќи го својот изглед, таа открила дека избегнува ригорозни тренинзи и строги диети, бидејќи повеќе сака вино и тестенини, но повремени пилатес сесии.