Каратистите на „Макпетрол“ доминантни на младинското државно првенство

Натпреварувачите на карате клубот „Макпетрол“ викендов во Гостивар имаа извонредно енергичен и убедлив настап на македонскиот младински државен шампионат. Во девет пријавени категории тие имаа седум финални меча и освоија исто толку златни и две бронзени медали. На тој начин екипата беше најуспешна меѓу 46 клупски и 224 индивидуални учесници на првенството што има изборен карактер за влез во нашата репрезентација која што во февруари 2022 година ќе биде дел од европскиот шампионат во Прага.

This image has an empty alt attribute; its file name is Карате-тим-Макпетрол-Скопје-2.jpg


– Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти и од постигнатиот резултат на ова државно првенство. За овојшампионат работевме и се подготвувавме навистина сериозно. Бевме силно мотивирани и демонстриравме модерно олимписко карате. За нас како клуб, приоритетно е дека докажаните репрезентативциво борбите и двата дена, односно првиот ден кога станаа државни шампиони, и вториот ден кога се одржаа борбите од плејофот ги потврдија своите квалитети и влегоа во националниот тим – истакна тренерот Петар Заборски.

This image has an empty alt attribute; its file name is Карате-тим-Макпетрол-Скопје-1.jpg


Стефан Стојановиќ, Абдурахим Идризии Глигор Петков, кои што се докажани европски медалисти се пласираа на престојниот шампионат, додека дел од националниот тим ќе бидат и Марија Петровска, Витомир Трајковски и Јована Мицовска. Иако беше државен првак, Викторија Јовановска не успеа да влезе во тимот што ќе патува во Чешка. Овие седум натпреварувачи освоија злато, додека Димитар Лозановски и Даријан Тасевски се закитија со бронзен медал.

This image has an empty alt attribute; its file name is Витомир-Трајковски.jpg

Дел од македонската јуниорска репрезентација ќе биде и Јована Мицовска, која што во првиот ден од националниот турнир беше второрангирана, но преку борбите во плејофот се искачи на првата позиција во својата категорија под 59 килограми.

This image has an empty alt attribute; its file name is Абдурахим-Идризи.jpg

По прворангираниот клуб „Макпетрол“меѓу петте најуспешни на државниот шампионат се најдоа и „Олимпик“од Скопје,„Гладијатор“ од Велес, „Фунакоши Гичин“ од Скопје и „Штип“од Штип.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …