(ВИДЕО) Јавувањето во живо на српска ТВ станало хит – форите не престануваат:„Милице, пријди поблиску!“

Во утринската програма во живо на една српска телевизија се случила НЕОБИЧНА сцена. Новинарката известувала за безбеден начин за гаснење на мал пожар. Бошко, гостин на нејзиниот прилог, запалик оган во заштитен круг, по што имал во план жената по име Милица да го изгаси пожарот со противпожарен апарат.
„Да видиме дали жена со просечна градба може да го активира апаратот“, вели новинарката на почетокот на видеото, истакнувајќи дека Милица тежи околу 60 килограми и е висока 170 сантиметри.
„Овој апарат може да фрли млаз до пет метри. Единствениот недостаток на уредот е што останува чадот“, вели човекот во прилогот, сугерирајќи ѝ на Милица ‘да се приближи’ за да го изгаси пожарот.
Но, Милица успеала само да го активира противпожарниот апарат, но не и да го изгасне пожарот. Набрзо сè околу новинарката и нејзините гости побеле од чад, па никој не можеше да се види на камерата.
„Дефинитивно е подобро да имаш дим, да ги отвориш прозорците, а не да не дај Боже да изгориш. Колеги, се гледаме?“ изјавила новинарката.

@perriofficial


🤣🤣🤣

♬ original sound – PERRI


Во тој момент не беше јасно дали пожарот е изгаснат, но при проверка на директниот пренос беше јасно дека пожарот се уште е постојан.
Ова видео се прошири на социјалните мрежи, а на TikTok ова видео во 13. часа е прегледано повеќе од 250.000 пати. Собрани се стотици коментари од луѓе кои се потсмеваат на ова видео.
„Овој уред е за се, но не и за гаснење пожари“, „Уредот остава чад, што е многу добро затоа што тогаш не гледаме како ни се топи кожата додека гори“, „Единствен недостаток на апаратот е што не може да изгасне оган“, „Но таа го изгасна, секоја на своето место“, „Пожар е успешно изгаснат, огинот уште гори“, „Пена забава“, „Уред за палење оган“, „Значи, важно е да го запрашите огнот, но не и да го изгаснете”, „Па, ова не беше ни во Топ листата на надреалистите”,„Единствениот недостаток на овој уред е што создава чад точно за да не го гледаме излезот”, се само дел од многуте коментари.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …