Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со медицина, па новиот сој на корона го вознемирил поради можни финансиски загуби.
Александар Падар, извршен директор на мрежата на офталмолошки клиники под заедничкото име „Омикрон“, на 30. октомври поднел тужба до рускиот арбитражен суд против руската филијала на Светската здравствена организација.
Во тужбата се бара да се забрани името Омикрон, како име на нов вид или која било друга инфекција.
„Нашето име е регистрирана трговска марка, особено во областа на медицината и здравството, и бидејќи тоа е наша основна услуга, секоја поврзаност на нашето име со вид на коронавирус го нарушува угледот на компанијата“, рекол тој, додавајќи: Размислете, ако некој умре од омикрон, ваш роднина или пријател, веројатно нема да одите во клиниката со истото име“, рекол тој, пренесува RT.
Тој истакна дека потрошил голема сума пари за рекламирање на своите клиники, а сега потрагата по нова варијанта на вирусот ги заменила неговите клиники, поради што очекува големи финансиски загуби.
Досега варијантите на вирусот ги добија имињата по буквите од грчката азбука, токму поради географската и политичката неутралност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЦРНИ БРОЈКИ ВО БУГАРИЈА: Рекорден број на новозаразени со корона вирусот

БУГАРИЈА денеска пријавила рекордни 12.399 нови случаи на коронавирус за еден ден, покажуваат официјалните податоци, …