Зимата полека освојува: Еве какво време не очекува наредните 5. дена!

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд, ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, најавуваат од УХМР:
Денес по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места. Дневните температури ќе се движат од 6. до 15. степени…
За понеделник се најавува облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни (и над 20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег понекаде и на повисоките места. Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 9 до 14.
Во вторник се најавува облачно со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (и над 20 л/м2), проследени со засилен северен ветер. На планините врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Минимална температура: -1°C до 6°C. Максимална температура: 1°C до 8°C.
Во среда наутро студено, а преку денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Минимална температура: -6°C до 2°C. Максимална температура: 3°C до 10°C.
За четврток се најавува променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, на планините од снег. Минимална температура: -6°C до 0°C. Максимална температура: 5°C до 12°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …