(ВИДЕО) Намерно направил судар на автопат за да го спаси животот на друг возач

Мажот е снимен на камера како го жртвува сопствениот автомобил, но и безбедноста, за да го спаси животот на лице кое се онесвестило зад воланот на неговото возило.
Несреќата се случила во Холандија, а видеото го обиколи светот. На почетокот ви се чини дека еден автомобил прилично рутински и нормално се обидува да се исклучи од автопатот, а следниот момент сфаќате дека целосно скршнал од курсот.
Се испоставило дека возачот на возилото изгубил свест, а автомобилот се движел со голема брзина и неконтролирано.
Препознавајќи ја опасноста, човекот по име Хенри Темерманс малку забрзал и го запрел својот автомобил пред возилото, свесно предизвикувајќи судир за да го спречи. Во превод – го жртвувал својот автомобил и се изложил на опасност, за да избегне поголема штета.
Неговата храбра акција ја снимила камера на контролната табла на некој што возел позади.

View this post on Instagram

A post shared by Memes | Funny | Culture (@pubity)

loading...


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …