(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да се слеваат пофалби, а многумина отидоа и чекор понатаму, па на овој филм веќе му доделија и Оскар.
Премиерата на филмот, кој е заснован на истоимениот роман на Вилијам Линдзи од 1946. година, се одржа вчера во Њујорк. Главните улоги ги толкуваат Бредли Купер како Стен и Кејт Бланшет како докторката Лилит.
Покрај нив во филмот се појавуваат и Вилем Дафо, Ричард Џенкинс, Руни Мара, Тони Колет и други.
Уредникот на списанието Variety, Рамин Ситуд, беше меѓу првите што го коментираше филмот, со посебен осврт на глумата на Бредли Купер.
„Бредли Купер најверојатно ќе добие Оскар за глума во Алејата на кошмарите“, напишал тој, додека неговиот колега од истиот магазин му посвети неколку пофални зборови на Дел Торо.

View this post on Instagram

A post shared by Nightmare Alley (@nightmarealleyfilm)


„Има два филма во рамките на Алејата на кошмарите. Во едната Бредли Купер доби Оскар, а во другата златна статуа се наоѓа на полицата на визионерскиот режисер Гиљермо дел Торо. Едно од тие две, и двете или ништо, може да се случи, но во најмала рака вечерва заврши трката за таа престижна награда во категоријата за најдобра сценографија“, изјавил Клејтон Дејвис.
Филмскиот критичар Џез Тенгли ова достигнување го опишал како брилијантно.



„Гиљермо дел Торо направи неверојатно убав и одличен филм. Сценографијата го одзема здивот, а актерската игра е спектакуларна, предводена од Бредли Купер, кој ја донесе најдобрата улога оваа година“, изјавил Тенгли.
Од друга страна, неговиот колега Роберт Даниелс не бил толку ентузијаст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …