(ФОТО) Олимписка шампионка брутално претепана, тренерот и го осакатил лицето!

Бруталните сцени на насилство ја потресоа Франција во последните денови.
Една од најдобрите џудистки во историјата на Франција, Марго Пино, која во кариерата беше европска, светска и олимписка шампионка, била жртва на брутално претепување.
Таа го обвинила својот партнер и тренер Ален Шмит (38) за физичко насилство.
Шмит бил уапсен, а Пино ја објавила својата верзија на настаните и фотографија од изобличеното лице на Твитер.

This image has an empty alt attribute; its file name is margo-pino-1.jpg
„Ноќта од саботата кон неделата бев жртва на напад во мојот дом од мојот партнер и тренер. Ме навредуваше, ме удирапе, ми ја удираше главата по земја неколку пати. И на крајот ме давеше. Мислев дека ќе умрам, но успеав да избегам кај соседите кои веднаш повикаа полиција. Имам неколку повреди, меѓу кои и скршеница на носот“, изјавила Пино, освојувачка на златниот медал на Олимписките игри на последните Игри во Токио.
Во полицискиот извештај се наведува дека Шмит бил во алкохолизирана состојба, а Пино завршила во болница. Шмит бил ослободен по 48. часа, тврдејќи дека Пино се лизнала и паднала по расправија.


Фото: Принтскрин/ lequipe.fr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …