(ФОТО) „Лица и дела“ вечерва ќе ја раскаже приказната на Зоки Костески – продуцент и писател

Вечерва во редовната емисија „Лица и дела“ на ТВ Сонце, Мери Младеновска ќе биде домаќинка на Зоки Костески.
Тој е помалку познат во јавноста бидејќи главно е „зад камерите“, но има неколку добри причини за неговото вечерашно гостување.
Костески е основач на продукцијата „Мариово филм“, која ја подготвува серијата „Заборавени села“ а која исто така се емитува на ТВ Сонце. Костески токму со „Заборавени села“ на еден начин ги доближи луѓето до нивните корени, и ги потсетува на традициите и обичаите од тие, сега веќе, заборавени села.Но, и да се вратат во времето кога во тие села имало богат живот со многу свадбени и други обичаи.
Костески има посетено многу села па неодамна ја промовираше и книгата„Славна Дебарца“.
Не заборавајте, вечерва од 21. часот на ТВ Сонце – „Лица и дела“ со Зоки Костески.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТРАГИЧНА СУДБИНА: По смртта на неговиот син (19), за Родни само тажни вести

АКТЕРОТ Николас Линдхурст (60), познат на телевизиската публика по улогата на Родни во легендарната серија …