(ФОТО) Кристијано Роналдо и забранил на мајка си да доаѓа на натпреварите, а таа му рекла: „Синко, пред да умрам…“

Фудбалерот Кристијано Роналдо и забранил на мајка си да доаѓа на неговите натпревари поради стресот што го доживува, но тоа не ја спречува да ужива во секој натпревар на нејзиниот омилен клуб.
Мајката на Кристијано Роналдо, Долорес Авеиро е голема навивачка на „Спортинг“ од Лисабон, а натпреварот на својот омилен клуб го следела со големо внимание.
Имено, откако клубот „Спортинг“ ја победи „Бенфика“, мајката на Кристијано Роналдо тоа бурно го прославила.


„Роналдо мора да се врати во Спортинг, би се вратил овде поради мене. Сака да ги гледа натпреварите на Спортинг. Веќе му реков ‘Сине, пред да умрам, сакам да те видам пак во Спортинг. Ќе видиме, рече тој’. Но, ако не тој, тогаш Кристијано. На негова возраст игра подобро од Роналдо“, изјавила Долорес за португалскиот „Рекорд“.


Фото: Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …