СТУДИЈА ДОКАЖАЛА: Само еден вид маска навистина спречува Ковид 19!

Маските FFP2 обезбедуваат многу висок степен на заштита од инфекција под услов да се носат правилно, според студијата на Институтот „Макс Планк“ во Гетинген објавена во саботата.
„Доколку заразено и незаразено лице се сретнат во затворен простор и на кратко растојание, шансата да се пренесе инфекцијата дури и по 20. минути е само еден промил“, се вели во студијата на Институтот за динамика и организација „Макс Планк“ во Гетинген.

This image has an empty alt attribute; its file name is maska-za-zastita-od-kovid-1.jpg
Услов за таков висок степен на заштита е правилното поставување на маската, особено на пределот на врвот на носот, кој мора цврсто да се закачи, се вели во студијата објавена во американското научно списание „Proceedings“ на Американската академија на науките (PNAS).
Неправилната положба на маската го зголемува ризикот од инфекција до четири проценти.
За време на експериментите, научниците тестирале различни аспекти како што се големината на капките, динамиката на дишење, како и различните форми на заштитната маска.


This image has an empty alt attribute; its file name is maska-za-zastita-od-kovid-2.jpg
„Шансите за инфекција во реалниот живот се десет до сто пати помали, но ги создадовме најнеповолните услови кога станува збор за заштита“, рекол директор на Институтот и еден од водачите на студијата, Еберхард Боденшац.
Спротивно на тоа, средбата на две лица без маска, од кои едното е заразено, најверојатно ќе заврши со инфекција на здравата личност.
„Во овој случај, најверојатно ќе биде заразено здраво лице кое стои на оддалеченост од три метри од заразеното лице и го вдишува воздухот на заразеното лице неколку минути“, рекол Боденшац.
Затоа, тој смета дека носењето маска е сепак многу добра алатка за спречување на ширењето на короната на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …