СЗО ОБЈАВИ: Омикрон откриен во 38 земји, нема смртни случаи

Варијантата ОМИКРОН на корона вирусот е откриена во најмалку 38. земји во светот, но сè уште не е регистриран смртен случај, објави Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО предупреди дека може да поминат неколку недели за да се утврди колку е заразна оваа варијанта, дали предизвикува посериозна болест и колку се ефикасни третманите и вакцините против неа, објави Гардијан.
– Ќе ги најдеме одговорите што им се потребни на сите – изјави директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајкл Рајан.
СЗО вчера соопшти дека сè уште не видела извештаи за смртни случаи поврзани со омикрон, но ширењето на новата варијанта доведе до предупредување дека тоа би можело да биде причина за повеќе од половина од случаите на Ковид-19 во Европа во следните неколку месеци.
СЗО соопшти дека не треба да се паничи поради новооткриениот вид на корона вирус.
Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан, вчера изјави дека ситуацијата не е многу поразлична од онаа пред една година, пренесе Би-Би-Си.
Таа на конференцијата на агенцијата Ројтерс рекла дека омикрон е многу заразен, цитирајќи податоци од Јужна Африка. Сваминатан напоменала дека постои можност оваа варијанта да стане доминантна во целиот свет, но дека не може да се заклучи со целосна сигурност и посочила дека сепак најдоминантна е делта варијантата.
Од своја страна, извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгијева, вчера изјави дека новата варијанта омикрон може да го забави глобалното економско закрепнување, исто како што тоа го направи и варијантата делта.
„Уште пред пристигнувањето на оваа нова варијанта, бевме загрижени дека закрепнувањето… губи на интензитет“, рекла таа.
Според Георгиева, новата варијанта која може многу брзо да се прошири може да ја поткопа самодовербата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …