Постојат три причини зошто сексуалниот однос станува подобар со текот на годините

Луѓето мислат дека со возраста, сексуалната желба и моќ се намалуваат и дека сексуалните односи се почести и подобри на помлади години – а истражувањето потврдува дека тоа не е така.
Иако младите може почесто да имаат секс, истражувањата покажале дека квалитетот на самиот сексуален однос е подобар како што луѓето стареат.
Истражувањето на EllicitEncounters.com ја потврдило тезата дека сексот е се’ подобар со текот на годините. Дури 37. отсто од жените и 34. отсто од мажите изјавиле дека најдобри години за секс се 40-тите.
Во истражувањето учествувале 828. испитаници, а авторите на студијата објаснуваат дека во 20-тите години луѓето имаат повеќе секс, но во 40-тите навистина уживаат. Во тие години тие имаат многу помалку комплекси и повеќе искуство.

This image has an empty alt attribute; its file name is seks-vo-klub.jpg


Постојат три главни причини зошто сексот со годините станува подобар:

Во нашите 40-ти години имаме поголема самодоверба
На оваа возраст точно знаете што сакате, не се срамите од вашето тело, движења и звуци, не сте оптоварени со целулит или имате проблеми со изразување на вашите сексуални желби. За време на сексот сме поопуштени и повеќе уживаме.


Сексот во брак е подобар секс
Можеби на почетокот не мислите така, но на крајот ова тврдење „пие вода“. Секако, првиот секс е секогаш возбудлив и се води со поголема страст, но паровите кои се долго време заедно се познаваат и во кревет. Тоа значи дека точно знаат како да уживаат и да постигнат оргазам. Исто така, паровите се поопуштени и ќе пробуваат нови работи и ќе експериментираат без воздржување.

This image has an empty alt attribute; its file name is postari-i-seks-1.jpg

Постарите жени полесно доживуваат оргазам
Бројни други истражувања одамна покажале дека постарите жени доживуваат оргазам почесто од жените со помало сексуално искуство. Овој факт влијае на квалитетот на сексуалниот живот на партнерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …