За Хамилтон пол во Џеда: Ферстапен удри во заштитниот ѕид!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Саудиска Арабија, претпоследната трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Британецот оваа сезона на улиците на Џеда стигна до петтата пол-позиција, а 103-та во кариерата, со нешто повеќе од десетинка предност во однос на неговиот тимски колега Валтери Ботас.

Седумкратниот светски шампион тоа го направи и благодарение на тоа што неговиот конкурент во борбата за титулата Макс Ферстапен направи голема грешка, и удри во заштитниот ѕид, во финишот од последниот круг, кога беше на сигурен пат до пол-позицијата. Холанѓанецот на крајот мораше да се задоволи со третата стартна позиција со 142 илјадити делови од секундата зад актуелниот шампион.

Хамилтон имаше само еден обид за пол во Џеда, кој се покажа успешен и покрај малите грешки, но Ферстапен имаше одлична можност да го помести од лидерската позиција. Возачот на Ред Бул имаше околу три десетинки предност пред британскиот автомобилист по два сектори, но беше исклучително агресивен, што го чинеше да удри во ѕид на излезот од последниот свиок.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познат е првиот голем турнир на кој ќе настапува Новак – вакцините не се пречка

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната во Дубаи, соопштено е во …