(ВИДЕО) ПРВО ИНТЕРВЈУ ОД ТРАГЕДИЈАТА НА СНИМАЊЕТО: Болдвин – „Размислувам што би можел да направам!“

Американскиот актер Алек Болдвин во интервју за ABC News, кое беше емитувано вчера, изјавил дека не знае како „живиот“ куршум стигнал на сетот на филмот „Rust“ и дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот што ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс за време на пробата.
Ова е прво сведочење на Болдвин за инцидентот што се случи на 21. октомври, кој се уште го истражуваат властите во Ново Мексико.
Во извадоците објавени во пресрет на емитувањето на интервјуто, Болдвин вели дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот, со што се отвора можноста дека револверот Colt 45 случајно испукал.

This image has an empty alt attribute; its file name is alek-boldvin-intervju.jpg
– Никогаш не би вперил пиштол кон некого и би го повлекол чкрапалото. „Никогаш“, рекол Болдвин
Тој реколи дека нема поим како „живиот“ куршум се нашол на филмскиот сет и дека не требало да биде таму.
„Размислувам што можев да направам“, рекол Болдвин.
Директорката на фотографија Халина Хачинс загина, а режисерот Џоел Соуза беше повреден во, како што изјави претходно Болдвин, во трагична несреќа на 21. октомври, на сетот на вестерн филм снимен во близина на Санта Фе во Ново Мексико.
-Таа беше некој што беше сакан од сите што работеа со неа… и ѝ се восхитуваа – изјавил Болдвин во интервју за ABC News.


Фото: Принтсктин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …