(ВИДЕО) Поради новиот сој на корона „воскреснал“ филмот од 1963. година

Од појавата на коронавирусот пред две години, љубителите на филмот ширум светот укажуваат на достигнувања кои на некој начин ја „предвидувале“ пандемија.
Филмот на Стивен Содерберг „Зараза“ од 2011. година привлече големо внимание во јавноста, а неговата главна тема беше ширењето на вирусот низ планетата.
Кога пред неколку недели се појави најновиот сој на короната, наречен Омикрон, љубителите на седмата уметност се сетија на две филмски остварувања за кои сигурно ќе се зборува деновиве.
Станува збор за два филма наречени „Омикрон“, а првиот датира од 1963. година. Станува збор за италијанска научно-фантастична сатира во режија на Хуго Грегорети. Заплетот на филмот следи вонземјанин кој го презема телото на работник во фабрика, се со цел да разбере како функционира нашата раса.
Интересно е што овој филм беше вклучен во натпреварувачкиот дел на 24. Филмски фестивал во Венеција, одржан во 1963. година.


Другиот филм со името на новиот сој на короната во неговото име е американскиот филм „Посетителот од планетата Омикрон“, во режија на Мајк Донаху. Овој филм од 2013. година има и вонземјанин кој, како главен лик, доаѓа на нашата планета со вирус. Сепак, тој останува фасциниран од готвењето на една вдовица во Аризона и наскоро почнува да и помага во нејзината намера да ја собори корумпираната влада.
Оваа комедија не постигна голем успех, делумно поради тоа што буџетот за снимање беше прилично низок. Оние кои успеале да ги затворат очите пред лошо направените специјални ефекти велат дека филмот сепак е – симпатичен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …