Облечена во бел фустан до подот, невестата застанала пред гостите држејќи се за рака со својот иден сопруг. И тогаш сè тргнало наопаку …
TikTokerica @ hollinator1424 не можела да биде повозбудена на денот на нејзината венчавка. Но, таа возбуда наскоро ја довела во прилично непријатна ситуација.
Облечена во бел фустан до подот, русокосата застанала пред гостите држејќи се за рака со својот иден сопруг. И тогаш почнало…
Како што ги изговориле брачните завети, таа почнала да се чувствува лошо. Таа му сигнализирала на својот вереник – но тој не разбрал што се обидува да му каже.
„Мислеше дека се шегувам!“, рекла таа во видеото, кое оттогаш стана вирално и привлече повеќе од 3,7 милиони прегледи.
@hollinator1424
Reply to @samanthaguice this about all that I could fit in😂 peep my poopy nephew at the end 😂🤪
♬ original sound – hollinator1424
Додека свештеникот држел говор, таа одеднаш изгледала многу збунето и паднала во прегратките на младоженецот. Невестата потоа одвоила малку време да се повлече, а во позадина се слушало како повраќа.
За „шлагот на тортата“ се погрижил внукот
Но, очигледно, трагедијата не завршила тука. „Мојот внук потоа ми се искака на фустанот веднаш откако повраќав“, напиша таа.
Фото: Принтскрин/TikTok