ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во шок, неверување и со тага се простуваа од актерот со срцепарателни објави на социјалните мрежи.

Утрово МНТ, матичната куќа на Славиша Кајевски, ја објави веста дека младиот актер трагично го загубил животот на 39-годишна возраст.


По објавувањето на трагичната вест, не престануваа да се нижат емотивните објави упатени кон починатиот актер.
Министерката за култура Ирена Стефоска се прости од Кајевски со зборовите:
„Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда. Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, Славиша.“


Меѓу бројните колеги и јавни личности се Весна Петрушевска, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Кристина Арнаудова, Гаро Тавитјан, Елена Ристеска…
„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу… одмори се и поздрави ги другарите“, напиша Весна на Фејсбук.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …