Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе ја запознаете, сфаќате дека не сте на иста „бранова должина“? Од друга страна, понекогаш наоѓаме некој со кој навистина можеме да водиме значајни разговори, но она што недостасува во таа равенка е физичката привлечност.
За да може романтичната врска да биде одржлива, важно е да најдете некој кој одговара на вашата личност.Кој е вистинскиот маж за вас, врз основа на вашата личност?

Обрнете внимание, бидејќи господинот вистински, можеби се крие во вашата непосредна близина.


ПЕРФЕКЦИОНИСТ НАЈДОБРО ФУНКЦИОНИРА СО АВАНТУРИСТ
Перфекционистичкиот тип на личност има исклучително високи стандарди. Таквите луѓе често се критични и кон себе и кон партнерот. Тие се мотивирани да ги подобрат луѓето и светот околу нив. Сепак, многумина ги сметаат за опсесивни и склони кон осуда. Вистина е дека овие луѓе го сакаат совршенството и никогаш не ни помислуваат да побараат помош од другите. Најдобрата личност за перфекционист е авантурист кој може да го научи малку да ужива во животот, а не секогаш да биде толку сериозен.

ЛИЦЕТО КОЕ ГИ РЕАЛИЗИРА СВОИТЕ ИДЕИ НАЈДОБРО ФУНКЦИОНИРА СО АВАНТУРИСТ
Овој тип на личност се мери себеси според неговите успеси. Обично не е во близок контакт со своите чувства, ниту со чувствата на партнерот. Таа е ефикасна во она што го работи, но често е и конкурентна. По природа е склона кон нарцисоидно однесување и преокупирана со работа, а многу често го запоставува саканиот. На ваква личност и треба авантурист, бидејќи само тој може да ја научи како малку да забави и да се забавува во животот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …