Концерт на новата белградска “synthpop” сензација ФАНТОМ, заедно со домашното засилување ТОДОР КАРАКОЛЕВ

Ве известуваме дека на 18 декември, со почеток од 21 часот во МКЦ ќе се одржи концерт на новата белградска “synthpop” сензација ФАНТОМ, заедно со домашното засилување ТОДОР КАРАКОЛЕВ.

ФАНТОМ е ново име на регионалната музичка сцена, проект зад кој стои името на Петар Вагнер. Со години усовршувајќи ја својата умешност на креирање музика, текстови и аранжмани за други изведувачи, Вагнер на почетокот на 2019 одлучува да поработи на свои песни.

Набргу потоа доаѓаат песните што Вагнер во своето белградско студио ги завршува со Луна Шкопеља, каде што Вагнер и Шкопеља со своите аналогни срца свират на дигитални инструменти и создаваат некои интересни и нови звуци.
Како раскажувач на „ноќни“ приказни, кои се случуваат во мрачни и пусти улици, простории со пригушено светло, илегални клубови во Белград, Загреб, Љубљана или кој било град каде што патот ќе те наведе, Фантом ниже синглови со кои ја воодушевува својата фан-база, која расте од ден на ден.
Тајновити се тие авантури, страсти и болка прераскажани во шифри во форма на синтетизиран звук, сонливи мелодии и обично-необични текстови.
Песните на Фантом се своевидна временска машина за патување во прстор и време, а крајната одредница е непредвидлива, баш како и тој самиот.


This image has an empty alt attribute; its file name is Design-by-Studio-Baika-1.jpg
Во втората половина на 2021 Фантом објавува своја колекција на синглови и 3 необјавени песни под насловот „Ноќни приказни“, како своевиден заклучок на својот креативен период, а моментално работи и на нов материјал и најавува свој прв стусиски долгосвиречки албум.
https://fantom-mp3.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/mp3.fantom/
https://www.instagram.com/fantom.mp3/

Тодор Караколев е пеач-песнописец и електронски продуцент. Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската (и не само) музика: мутант техно, пост-диско, итало… Музика за танц со мрачен сексапил.
https://5060.bandcamp.com/album/–2


Не сакам да танцувам:

Сите патишта:

Наивно:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …