(ВИДЕО) Еден од најталентираните млади хрватски пејачи има нова песна: Во спотот, како и во животот, Марко ѝ трча во прегратка

Марко Кутлиќ еден од најталентираните хрватски изведувачи од поновата генерација, а кој, како што изјави неодамна почнал да пее заради нашиот Тоше, има нова песна. Темата е со наслов „Уз њу“, за која направи и спот во кој вели: „Како и во животот ѝ трчам во прегратка.“
Еден од најдобрите гласови на помладата генерација музичари во Хрватска овој пат се врти кон малку пожежок звук, поинаков од оној на кој е навикната неговата публика.
„Со песната „Уз њу“ конечно дојдов до звукот што го барав“, вели Марко.
Нумерата е негов кантавторски чекор, а својот музички пат тој вешто го тапка, па сето до израз треба да дојде на вториот студиски албум кој е планиран за средината на следната година. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Борис Секулиќ и го следи самиот текст.

„Задоволен сум како излезе сè на крајот, како со песната и спотот, така и во животот. Треба да се биде човек во секоја ситуација и потребна е храброст да се застане зад секоја одлука, и тогаш кога не е лесно“, вели Марко.
Колку за потсетување тој неодамна кај нас ја промовираше и песната „Буди моја ноќ“, а вели сака да ѝ се претстави на македонската публика затоа што од овде е неговиот пејачки идел и животен пример. Човекот чија „Полско цвеќе“ му е омилена песна.


This image has an empty alt attribute; its file name is marko-kutlic.jpg
„Кога почнав да ги слушам неговите песни не можев да сфатам дека некој може да биде толку искрен и емотивен додека пее. Тој е сигурно еден од луѓето заради кои почнав да се бавам со музика. Жал ми е што никогаш не добив прилика да запеам со него овде на Земјината топка“, рече Марко, кој патем никогаш не бил во нашата земја, но верува дека наскоро ќе го стори тоа заради омилениот пејач, затоа што ја сака нашата историја, заради Александар Македонски…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Маја Вукичевиќ со емотивна посвета се прости од маестро Александар Џамбазов!

„Чичко Ацо…Го паметам од дете, соседи бевме во Козле. Секојдневно го шеташе Гастон шампион преубавиот …