Блок на авганистански филмови во „Кино МСУ”

Од вечерва, 2 декември, во киното на Музејот на современата уметност – Скопје во рамки на програмата на „Кино МСУ” почнува блок филмови посветени на авганистански автори. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Авганистанскиот филмски блок започнува вечерва и ќе трае до 10 декември и сите проекции ќе се одржат во затвореното кино на МСУ со капацитет од 40 седишта според актуелните пропишани владини протоколи во услови на пандемија. Влезот е бесплатен. This image has an empty alt attribute; its file name is zabraneta-rolna.jpg На 2 декември (четврток), во 19 часот, ќе биде прикажан документарецот „Забранетата ролна” на канадско-авганистансиот режисер Ариел Наср, кој ќе не запознае и воведе во авганистанската филмска приказна. Историјата на Авганистан од втората половина на 20 век, која беше обележана со насилство и угнетување, режисерот ја раскажува преку перспектива на авганистанската филмска историја. Интервјуата со филмскиот историчар Маријам Гани, филмаџиите Латиф Ахмади и Сидик Бармак, актерката Јасмин Јармал и други клучни играчи се прошарани со извадоци од филмови – и од фикцијата и од документарен филм – од архивите на националниот филмски институт, Afghan Film. Тие покажуваат богата култура во период во кој земјата претрпе многу драстични промени, од комунистичкиот режим и војната со Русија до угнетувањето од исламските фундаменталистички талибанци. На 3 декември (петок) во 19 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Кабул, град на ветрот”, кој е прв долгометражен документарен филм на авганистанскиот режисер Абоозоар Амини. Амини кој и самиот како помлад имам побеганато од Авганистан, го снима овој филм во Кабул во период од три години. По доживување на неколку терористички напади за време на демонстрациите тој решава да исклучи какво било директно насилство од својот филм. Наместо тоа тој ни ги покажува секојдневните рутини/детали за две деца и возач на автобус, сместени во позадината на градот уништен од политичките и верските сили. Градот е оркестрација на неговите жители, а самиот филм ни покажува колку човековата природа е прилагодлива, дури и кога е опкружена со насилство. Филмот во 2018 година го отвори најголемиот фестивал за документрен филм во Европа – ИДФА, во Амстерадам. На 9 декември во 19 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Полноќниот патник”. This image has an empty alt attribute; its file name is Midnight-Traveler.jpg Во 2015 година, откако документарниот филм на Хасан Фазили „Мир во Авганистан” беше емитуван на авганистанската национална телевизија, талибанците убивајќи ја главната тема на филмот огласија цена за главата на Фазили. Плашејќи се за својот опстанок, семејството Фазили пребегнува од Кабул во Таџикистан. Сепак, по 14 месеци поминати во поднесување барања за азил кои завршуваа неуспешно, тие беа депортирани назад во Авганистан. Токму во тој момент Фазили на својот мобилен телефон го притисна копчето за снимање. Хронизирајќи го секој чекор од внатрешноста на дејствието, Фазили, неговата сопруга режисерка и нивните мали ќерки патуваат низ Иран, Турција, Бугарија и Србија – брзајќи низ опасните пејзажи, гушкајќи се во замрзнати шуми, набивајќи се во транспортни возила. Додека ги поднесуваат шверцерите, бандите и бегалските кампови, камерата е сведок не само на опасноста и очајот, туку и на бујот и нежноста на ова неодоливо, вљубено семејство. За Фазили, врамувањето на нивната приказна станува потврда за контрола, хуманост и самоизразување во ситуација кога ништо не постои. Со својата радикална субјективност и поетска форма, Midnight Traveler (Полноќниот патник) е миграциска приказна како ниедна друга. Својата премиера филмот ја имаше на Санденс во 2019 година. И на 10 декември во 19 часот ќе биде прикажан играниот филм „Хава, Маријам, Ајеша”.
„Филмаџиите не ја сфаќаат својата моќ. Ако го кренат својот глас во знак на солидарност за народот на Авганистан…Toa ќе помогне” – Авганистанската режисерка Сахра Карими ги повика на солидарност фимаџиите од целиот свет обединети да го кренат својот глас за помош на Авганистан. Нејзиниот последен игран филм „Хава, Маријам, Ајеша” својата премиера ја имаше на Венецискиот филмски фестивал во 2019 година. Филмот и до ден денес ја актуализира темата на поставеноста на авганистанската жена низ целиот свет. Тој ја следни приказната на три Авганистанки од различно социјално потекло, кои живеат во Кабул, се соочуваат со голем предизвик во животот. Хава, традиционална трудница за која никој не се грижи, живее со својот татко и свекрва. Нејзината единствена радост е разговорот со бебето во нејзиниот стомак. Маријам, образована ТВ репортерка, која се разведува од неверниот сопруг, но дознава дека е бремена. Ајеша, 18-годишна девојка прифаќа да се омажи за својот братучед затоа што е бремена од нејзиното момче кое исчезнува откако ја слушна веста. Секоја од нив треба сама да си го реши проблемот за првпат. Авганистан е држава со голема култура и традиција, во која периодов се случува бегалска криза во која голем дел од авганистанците се приморани да ги напуштат своите домови. Вистински гест на солидарност е што повеќе држави од светот, меѓу кои и нашата се приклучи да им пружи времено прибежиште на овие луѓе. МСУ одлучи филмската програма да ја збогати со промоција на авганистанскиот филм со цел да ја приближи оригиналноста на филмската продукција на оваа земја и со тоа да придонесе кон светската акција на солидарност, која нашата држава не за првпат ја покажува кон бегалците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов …