(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и поради тоа што се уште игра фудбал, иако е во петтата деценија од животот. Сепак, многумина го знаат како лав, како некој кој многу ретко плаче и покажува емоции. Меѓутоа, сега се чини дека тоа се променило.
Имено, овој шведски фудбалер во разговор за „Кориере дело сера“ ги открил своите најтешки моменти во животот, а многумина не знаат дека неговиот брат Сапко починал пред седум години.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)



Овој пат тој си го отворил срцето.
„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести за тоа дека починал некој што го познавал. Тој им помагаше на бегалците. Секогаш се обидуваше да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра умре во Шведска, тој не ми дозволи да одам на погребот. Но, кога брат ми Сапко почина од леукемија, отидов, брат ми ме очекуваше, умре пред мене. Го погребавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти солза. Следниот ден отиде на гробишта и плачеше од утро до вечер. Сам“, ја започнал својата шокантна исповед Златан и додал:

“Не верувам во Бог. Само во себе. Така научив омразата да ја претворам во оружје”.



Потоа се опишал себеси како момче.
„Како дете бев тежок, проблематичен. Штом се родив, бабицата ме испуштила од метар височина. Целиот мој живот беше тежок. На училиште бев поинаков, другите беа русокоси, со светли очи и нормален нос. Бев темна коса, со голем нос. Зборував поинаку од нив, се движев на поинаков начин. Родителите на моите школски другари потпишаа петиција да ме избркаат од класот. Секогаш ме следеше омраза. И на почетокот лошо реагирав. Бев изолиран. Подоцна научив како да ги претворам страдањата и омразата во сила“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …