Ова се најскапите и најевтините градови за живеење во светот

Најголемиот израелски град Тел Авив е најскап во светот, се вели во анализата објавена во средата во британскиот магазин „The Economist“.
Тел Авив го презеде лидерското место од француската престолнина Париз, кој сега е на делба на второто место со Сингапур.
По трите града следат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.

Истражувањето за трошоците на животот спроведено за оваа анализа опфатило 173. земји и ги споредило цените на повеќе од 200. производи и услуги.
Најголем пад на листата на најскапи градови е забележан во Рим. Главниот град на Италија падна од 32. на 48. место.
Највисоки цени на бензините се во Хонг Конг – 2,5 долари за литар.

loading...

Најевтин е Дамаск
За најевтин град за живеење е прогласен сирискиот главен град Дамаск.
Анализата покажала дека проблемите со синџирот на снабдување и антиепидемиските мерки кои го ограничуваат производството и трговијата придонеле за зголемување на животните трошоци во многу градови.
Транспортните трошоци се зголемени поради поскапувањето на горивата, а значително се зголемиле и цените на тутунот, средствата за лична хигиена и забавата.

Вака изгледа листата на топ 10 градови
Ова е рангирањето на десетте најскапи градови: Тел Авив, Париз, Сингапур, Цирих, Хонг Конг, Њујорк, Женева, Копенхаген, Лос Анџелес и Осака.
По нив следуваат Осло, Сеул, Токио, Виена, Сиднеј, Мелбурн, Хелсинки, Лондон, Даблин, Франкфурт и Шангај.


Фото: Википедија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„НИКОГАШ НЕМА ДА ПОРАСНАМ! СЕ УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ЧУДА, ЉУБОВ И ДОБРИ ЛУЃЕ“: 14. пораки кои ќе донесат среќа кога деновите се мрачни

14. цитати за животот, љубовта и среќата – ви помагаат да живеете поедноставно, полесно и …