И’ за душата и за телото: Храна која може да влијае на ДЕПРЕСИЈАТА и да го врати расположението

Храната богата со витамин Д може поволно да влијае на сезонската депресија, која се јавува со промената на годишните времиња.
Ако се чувствувате уморно, летаргично, нерасположено и малку депресивно, тоа не е причина за грижа, бидејќи таквите чувства се типични за поголема популација во зима, кога има помалку сончева светлина.

Оваа состојба се нарекува сезонска депресија.


Во борбата против сезонската депресија, научниците препорачуваат исхрана побогата со витамин Д, кој уште го нарекуваат и „сончев витамин“, бидејќи телото го произведува кога е изложено на сончева светлина.
Бидејќи во текот на зимата нема толку многу сончева светлина, неопходно е да се консумира храна богата со овој витамин.

„Поради таа причина, треба да јадете повеќе риба, млеко, јајца и житарки“


Лососот е еден од најдобрите извори на витамин Д, но го имаат и сардините и конзервираната туна или сардини.
Витаминот Д го има и во млекото, но треба да се има предвид дека помалку го има во млеко со помал процент на масти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Крис Атовска се сретнала со Виталиј Алексеевич – еден од сведоците на Чернобил: „Го имав најубавиот ден во последните 5. години!“

Новинарските патишта се непредвидливи а Крис Атовска во својотпост опишала една од нив… „Долг и …