(ВИДЕО+ФОТО) Ова стана најгледаниот филм во историјата на Нетфликс, го соборил рекордот на Bird Box

NETFLIX објави дека акционата комедија Red Notice е нивниот најгледан филм. Филмот беше објавен на платформата на 12. ноември, а веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг сервисот.
Филмот беше во категоријата топ 10. филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на Нетфликс го гледале филмот, пренесува Си-Ен-Ен.


Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите од серијата Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Леле, леле, леле… леле! Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од оваа луда статистика и информација. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс!!! Вие сте причината поради која ги снимаме овие филмови. Вашата љубов ни значи се. И во никој случај не го земаме здраво за готово. Ви благодариме”, напишала Гал во описот на објавата на Инстаграм.


View this post on Instagram

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)


Објавата по повод добрите вести на Инстаграм ја споделил и The Rock, кој им се заблагодарил на гледачите и истакнал дека на филмот Red Notice му претходел најгледаниот филм Bird Box во кој главната улога ја толкува Сандра Булок.

View this post on Instagram

A post shared by therock (@therock)

Последниот најгледан филм на Нетфликс, Bird Box, остварил 282. милиони часови гледање во првите четири недели, додека Red Notice за три недели остварил 328,8 милиони часови.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Том Одел се враќа со новата акустична балада „Black Friday“

Хитмејкерот на „Another love“ издаде нова песна и видео спот за песната „Black Friday“. Тој …