(ВИДЕО+ФОТО) Легендата на Англија и Јунајтед си ја отворил душата: „Долго време ја криев дијагнозата на мојот син!“

ФУДБАЛСКАТА ѕвезда Пол Сколс признал дека тешко се помирил со дијагнозата на аутизам на неговиот син и дека во еден момент се плашел дека на момчето ќе му биде потребна професионална грижа во институцијата, пишува Daily Mail.

Тешки времиња
„Ајден (16) е невербален и има сложени потреби што доведоа до некои ужасни, ужасни времиња“, рекла поранешната ѕвезда на Англија и Манчестер Јунајтед. Во разговор со Педи Мекгинис, чии деца се аутисти, Сколс (47) рекол: „Во првите неколку години од дијагнозата постојано мислев дека доцни во развојот, дека на крајот ќе почне да зборува“.
„Тоа никогаш нема да се случи. Тој никогаш нема да биде невротипичен. Но, тој е одличен. Мораш да го прифатиш тоа”, го тешел Мекгинис.



Мекгинис го интервјуирал Сколс за неговиот документарен филм „Педи и Кристин Мекгинис: Нашето семејство и аутизмот“, кој се емитуваше на Би-Би-Си.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …