Омикрон сој: Повисока инфективност – помалку тешки случаи

Голем број мутации во новиот вид на корона вирусот „омикрон“ може да доведат до потешка форма на болеста што се развива за време на инфекција отколку во видот „делта“, што ќе му даде на телото повеќе време да развие имунитет, рекол директорот на центарот „Гамалеја“ Александар Гинкбург, пренесуваат руските медиуми.
„Повеќе мутации не значат полоша ситуација. Се надевам дека тоа ќе ја ослаби неговата способност да формира синциција (спојување на повеќе клетки), дека ќе ја намали стапката на премин од моментот на инфекција до пенетрација во белите дробови. Ако тоа биде како кај случајот со оригиналниот сој и сите соеви пред „Делта“ сој, тогаш мемориските ќелии ќе работат и ќе не штитат. Така, бројот на тешки форми на болеста драстично ќе се намали, и покрај тоа што заразноста ќе биде иста или дури и повисока“, објаснува Гинкбург.


Тој нагласува и дека денеска со сојот „делта“ на корона вирусот преминот од лесна форма на болеста во средна или тешка трае три до четири дена, додека претходно траеше од 10. до 15. дена.
Гинзбург истакнал дека центарот „Гамалеја“ се уште го нема добиено примерокот од сојот „омикрон“, но кога ќе пристигне ќе треба да се анализира врз основа на неколку параметри.
„Ако е како сојот ‘делта’, тогаш нема да биде ништо добро, а ако е како ‘вуханскиот’ – нема да биде ништо опасно. Ќе видиме кога ќе го добиеме“, нагласи лнаучникот.
Претходно, потпретседателот на Руската академија на науките, Владимир Стародубов, изјавил дека постоечките вакцини против Ковид 19 ќе мора да се модифицираат доколку нивната ефикасност против новиот вид омикрон падне под 50-60 проценти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …