(ВИДЕО+ФОТО) ЗЛАТНА ТОПКА ЗА МЕСИ: Левандовски „ограбен“ втора година по ред

АРГЕНТИНСКИОТ фудбалер Лионел Меси е добитник на Златната топка на Frans фудбал за 2021 година.
Со ова се потврдија најавите на „добро упатени извори од претходните недели дека играчот на ПСЖ прв ќе ја мине целта, иако општото расположение кај фудбалските фанови беше дека наградата за најдобар фудбалер на светот треба да ја добие полскиот интернационалецот Роберт Левандовски“.


Така, напаѓачот на Баерн втора година по ред остана со кратки ракави, бидејќи минатата година се сметаше за лауреат, но редакцијата на францускиот магазин оцени дека сезоната, поради пандемијата на коронавирус, е прекратка за да некој заслужи признание.


За утеха му остана сребрената топка, додека третото место и припадна на Жоржињо од Челзи.
Четврти е Французинот Карим Бензема од Реал, петти е уште еден Французин Нголо Канте од Челзи, додека Португалецот од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо заврши само на шестото место.

За најдобар напаѓач е прогласен Левандовски од Баерн, Италијанецот Џаналуиџи Донарума од ПСЖ е најдобар голман, а најдобар млад играч е Педри од Барселона.

За најдобра фудбалерка е прогласена Алексија Путелас од Барселона, додека за тим на годината е прогласен европскиот шампион Челзи.
Меси оваа сезона се пресели од Барселона во ПСЖ, а единственото нешто што донекаде го оправдува неговиот избор е тоа што конечно успеа да го освои трофејот со Аргентина, бидејќи ги предводеше „гаучосите“ до триумф на Копа Америка.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …