Print

 75 години ДЛУМ јубилејна изложба

Друштвото на ликовни уметници на Македонија одбележува голем и значаен јубилеј 75 години од формирањето и постоењето на Друштвото. По тој повод на 01.12.2021 година во Национална галерија на Р.С. Македонија во два објекти Чифте амам и Мала станица ќе биде отворена голема јубилејна изложба на членови на ДЛУМ од неговото основање до денес.На изложбата ќе биде претставен богат творечки опус, слики, скулптури, графики, цртежи, инсталации, таписерии од 292 автори, почнувајки од основоположниците на ДЛУМ, преку истакнати доајени кој што го трасирале патот и оставиле силен белег во современата ликовна сцена, средна генерација истакнати ликовни автори, па се до новата генерација која што ја претставува иднината на ДЛУМ. Горди сме на нашето членство и со задоволство го славиме овој значаен јубилеј.

Изложбата се реализира во соработка со Национална галерија. Воведниот текст во каталогот е на претседателот на Уметнички совет на ДЛУМ Дијана Томиќ Радевска.


Print

На отварањето на изложбата ќе се обратат

  • г-ѓа Дита Старова Ќерими – директор на НГМ
  • Г-ѓа Дијана Томиќ Радевска – претседател на Уметнички совет на ДЛУМ
  • Г-ѓа Ирена Стефоска – министер за култура

Изложбата ќе ја отвори покровителот на јубилејот, претседателот на Р.С. Македонија г. Стево Пендаровски


Свеченото отварање ќе се одржи на 01.12.2021 година во Чифте амам со почеток во 20 часот.

Во согласност со протоколите за заштита од ковид -19, приемот на посетители ќе биде во период од 19:00-19:50 часот. Настанот ќе се спроведе со важечките протоколи за сите јавни настани.

Поставката во Мала станица ќе може да се погледне исто така од 01.12.2021 година.

Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја видат во двата објекти Чифте амам и Мала станица до 12.12.2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Апчевска, Наталија Теодосиевa и Ханис Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“

Режисерката Марија Апчевска, филмската и театарска актерка Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов …