Како да внесете повеќе витамин Д во вашата исхрана и да се одбраните од зимските настинки

Како што деновите стануваат пократки и има помалку сонце, почнуваме да се чувствуваме послаби, а една од причините за тоа е недостатокот на витамин Д. Виталната хранлива материја помалку се апсорбира во текот на зимата, а нејзиниот недостаток може да доведе и до лошо расположение, како и низа други здравствени проблеми.
И покрај достапноста на храна богата со витамин Д, британското истражување за навиките во исхраната покажа дека 17. отсто од возрасните имаат ниско ниво на витамин Д, а 26. отсто од децата на возраст од 11. до 18. години страдаат од неговиот недостаток.
Сè што е потребно за да се поправи тој негативен тренд е да се направат мали измени во вашето мени. Тренерката Кетрин Данзи вели: „Витаминот Д е суштински за апсорпција на калциум, развој на коските и здрав имунолошки систем. Иако нашето тело не го произведува природно, ултравиолетовите зраци го стимулираат производството на овој скапоцен витамин. Одредена храна содржи витамин Д”.


Ова ги вклучува лососот и печурките, а во продавниците има и храна збогатена со витамин Д, како млеко, тофу, јогурт и житарки.
„Редовно јадете порција мрсна риба, пржени јајца или збогатен јогурт и повеќе нема да имате изговор да бидете мрзливи“, заклучила Данзи за Daily Star.
Седум симптоми кои укажуваат на тоа дека вашето тело има недостаток на витамин Д…
Симптомите на ниско ниво на витамин Д варираат од личност до личност. Седум вообичаени предупредувачки знаци се лошо расположение, слабост во мускулите, зголемување на телесната тежина, замор, болки во коските и зглобовите, испотен скалп и ако сте често болни, пишува The Sun.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …