(ФОТО) Познатиот пејач е по втор пат, за еден месец, позитивен на корона вирус

БРАЈЕН АДАМС беше позитивен на коронавирус по втор пат за еден месец. Пејачот се огласил на Инстаграм и напишал дека се тестирал веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Милано.
„Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и по втор пат за еден месец сум позитивен на Ковид“, напишал тој на социјалните мрежи покрај фотографијата од аеродромот.

Веќе во октомври, Адамс мораше да се откаже од својот настап на церемонијата на „Рокенрол Куќата на славните“, откако беше позитивен на коронавирус. Неговиот портпарол тогаш изјави дека музичарот бил вакциниран и немал никакви симптоми.

„Можеби тој сè уште го има вирусот во себе, па затоа е позитивен. Откривме дека кај некои луѓе со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се задржи“, коментирал д-р Ентони Фаучи за случајот на Адамс за CNN.
„Не знам ништо за неговата здравствена состојба, така што навистина не сакам да дадам каков било коментар за тоа“, додал тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …