ПОЧИНАЛ ПОЗНАТИОТ КОМПОЗИТОРОТ СТИВЕН СОНДХАЈМ: Неговата музика ја знаете од овој култен филм!

Легендата на Бродвеј, Стивен Сондхајм, починал во петокот во својот дом во Роксбери, Конектикат. Имал 91. година.
Веста за смртта на легендарниот текстописец чие дело е „West Side Story“ ја објави Ф.Ричард Папас, кој изјавил дека смртта била ненадејна, објавил New York Times. Папас рекол дека Сондхајм го прославил Денот на благодарноста претходниот ден.


Го сметаат за најголем композитор и текстописец на 20 век, Сондхајм работеше на легендарни изведби како „Company“ (1970), „Follies“ (1971), „A Little Night Music“ (1973), „Pacific Overtures“ (1976), „Sweeney Todd“ (1979), „Merrily We Roll Along“ (1981), „Sunday in the Park With George“ (1984) и „Into the Woods“ (1987).



Во кариерата долга повеќе од 60 години, Сондхајм беше награден со Оскар, Пулицерова награда и освои седум Греми и осум Тони награди.


Сондхајм ја доби наградата Тони за најдобар мјузикл за комедијата од 1962 година „Смешна работа се случи на патот кон форумот“, која се прикажувала повеќе од две години.

Иако неговите песни ги снимиле многумина, од Синатра до Мадона и Мерил Стрип, самиот Сондхајм изјавил дека никогаш не бил популарен. Во исто време, тој бил многу влијателен, ширејќи ја идејата за тоа како треба да изгледа мјузиклот. Критичарот на „Тајм“, Ричард Корлис Сондхајм го нарекол „институција“ и „дефинирање на музичкиот глас на неговата и на генерациите што следеа“.



Роден е на 22. март 1930. година во Њујорк. Во 2015. година го доби Претседателскиот медал за слобода, највисокото признание за цивили, а му беше доделен од тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА АЛЕК БОЛДВИН: Адвокатите бараат да се отфрлат обвинувањата за нанесување штета

АДВОКАТИТЕ на холивудскиот актер Алек Болдвин и другите продуценти на „Rust“ бараат од судот да …