Ова се знаци кои може да укажуваат на тоа дека имате висок холестерол

ХОЛЕСТЕРОЛОТ му е потребен на телото бидејќи помага во градењето здрави клетки, но кога го имаме премногу, може да предизвика посериозни здравствени проблеми, како што се мозочен удар или срцев удар. Покрај тоа, премногу „лош“ (ЛДЛ) холестерол се акумулира во нашите крвни садови и на крајот го попречува протокот на крв низ нашите артерии, што може да резултира со чувство на пецкање или студ.


Високиот холестерол може да биде генетски наследен, но обично е предизвикан од лошата исхрана и изборот на начин на живот. Одржувањето на нивото на холестерол во здрави граници е многу важно.
„Тестирањето на холестерол е тест што секој треба да го направи. Добра идеја е да започнете на 20-годишна возраст и да правите тест најмалку на секои пет години ако имате низок ризик од кардиоваскуларни болести. Сепак, оние со фактори на ризик за развој на кардиоваскуларни болести треба да го прават почесто, особено ако нивото на холестерол се зголемува“, изјави д-р Пархам Јашар за Eat This.
Фактори на ризик за висок холестерол вклучуваат лоша исхрана, недостаток на вежбање, пушење, прекумерно пиење, семејна историја на срцеви заболувања или висок холестерол, дијабетес, дебелина или претходна историја на висок холестерол.


Кои се симптомите на висок холестерол?
„Високиот холестерол обично нема забележителни симптоми. Единствениот вистински начин да дознаете е со тест на крвта или ако доживеете срцев или мозочен удар“, тврди диететичарот Линдзи Десото.


Со неа се согласува и фармацевтот Др. Ани Ростомјан.
„Во повеќето случаи, високиот холестерол не предизвикува значителни симптоми, но може да ве изложи на ризик од мозочен или срцев удар. Холестеролските плаки се развиваат со текот на времето и ги стеснуваат артериите, предизвикувајќи такви настани“, додала таа.
Ако пушите, имате прекумерна тежина, имате висок крвен притисок или дијабетес, тоа може да значи дека ќе имате висок холестерол.

„Ако вашиот индекс на телесна маса е над 30., постои ризик од покачен холестерол. А поголем обем на половината го зголемува ризикот. Ако редовно јадете храна богата со нездрави масти како пржена храна, колачи и десерти, можеби имате покачен холестерол и недостаток на физичка активност исто така придонесува за висок холестерол. Се препорачува повеќето здрави возрасни лица да вежбаат најмалку 150. минути неделно со умерен интензитет“, додала Десото.

Фактори кои можете да ги контролирате
Дали имате висок холестерол во крвта или не, исто така зависи од вашиот животен стил. Фактори кои можете да ги контролирате се исхраната, вежбањето, пушењето и консумирањето алкохол и шеќер. Внимавајте на тежината и ќе живеете поздраво, подолго и пофункционално.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …