КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Легендарниот борец има корона и е во тешка состојба, не бил вакциниран: „Ова не е шега“

ЛЕГЕНДАРНИОТ УФЦ борец Диего Санчез е во болница поради коронавирус и е во тешка состојба.
Санчез, 39-годишен американски борец, завршил во болница откако се заразил со пневмонија. Дополнителните тестови покажале и дека има згрутчување на крвта на двете нозе. Тој на социјалните мрежи објавил слика од белите дробови и порачал дека короната не е шега. Тој претходно открил дека не бил вакциниран.

Санчез ја освои премиерата на реалното шоу на UFC The Ultimate Fighter пред 16. години, а во 2009. година се бореше за титулата во лесна категорија, кога беше поразен од Б. Џеј Пен. Во кариерата има 30. победи и 13. порази. Тој беше отпуштен од УФЦ по последниот пораз од Џејк Метјуз.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познат е првиот голем турнир на кој ќе настапува Новак – вакцините не се пречка

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната во Дубаи, соопштено е во …