Кои се новите трендови во љубовните врски и како пандемијата влијаеше на нив

Најавени се нови трендови во љубовните врски, а истражувањата покажаа дека пандемијата има прилично големо влијание врз нашите емотивни статуси.
Истражувањето спроведено од апликацијата за запознавање Bumble покажа дека речиси половина од самците ширум светот сакаат наското да стапат во врска. Сепак, им требаат неколку месеци добро да размислат каков мора да биде нивниот иден партнер. Тие стануваат поотворени кога станува збор за тоа што очекуваат од врската.
Пандемијата ги „присили“ луѓето драстично да го променат она што го бараат од своите партнери. Околу 61. отсто од луѓето ширум светот сега имаат приоритет на емоционалната пристапност, додека четвртина (23 отсто) велат дека помалку се грижат за физичкиот изглед. За време на пандемијата, 53. проценти од корисниците на Bumble сфатиле дека е сосема во ред да се биде сам некое време, пишува Independent.


Како што се зголемуваат стапките на вакцинација, сè поголем број луѓе признаваат дека повеќе не се двоумат да покажат знаци на блискост во јавноста. Овој тренд е особено популарен кај холивудските двојки како што се Меган Фокс и Машинган Кели и Кортни Кардашијан и Тревис Баркер. Со оваа констатација се согласуваат дури 70. отсто од испитаниците.
Сепак, постои зголемена загриженост за повторното заклучување, па некои се прашуваат дали вреди да се инвестира време во нова врска и да се препуштат на чувствата. Апликацијата Plenty of Fish ова го опишува како „hesi-dating“ (запознавање со двоумење), термин кој опишува кога не сте сигурни дали сакате сериозна врска бидејќи во моментов во животот воопшто постои несигурност. Plenty of Fish објави дека 58. проценти од корисниците размислуваат на овој начин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈА ПРЕКИНАЛ прошталната турнеја: Елтон Џон има корона, откажал два концерта во САД

И’ покрај фактот дека бил вакциниран и со третата доза, Елтон Џон се заразил со …