Какво време не очекува во наредните 4. дена: Дали снегот ќе не изненади?

Променливото време, врнежите од дожд, мирисот „на зима“ како да ни најавуваат поладни тенови, карактеристични за овој дел до годината.
Еве што најавува УХМР за наредните 4. дена:
Денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 3. до 9. степени, а дневните од 6. до 15.
За утре (недела) се најавува променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 3. до 9. степени, а дневните од 7. до 17.
Во понеделник се очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минимална температура: 4°C до 9°C.
Максимална температура: 9°C до 16°C
За вторник се најавува променливо облачно со врнежи од дожд, на планини од снег. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец. Минимална температура: -2°C до 4°C. Максимална температура: 2°C до 9°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …