(ВИДЕО) Роналдо тајно снимен – по тешкиот пораз липал како дете

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо бил неутешен по испаѓањето од Лигата на шампионите додека беше во Јувентус.
Португалецот играше за Јувентус од 2018. до 2021. година, кога замина во „Манчестер Јунајтед“ и не успеа да ја освои Европа со „старата дама“.
Неодамна беше објавено видео на кое се гледа како Роналдо им вика на соиграчите, а сега и детал каде плаче во соблекувалната.
Првата сцена се случила на реваншот на полувремето против Порто, во осминафиналето на елитното натпреварување, а втората кога Јуве беше елиминиран од натпреварувањето.

Во тој дуел, на почетокот на оваа година, Јувентус беше поразен со 2:1 на гости, а потоа на 9. март дома победи со 3:2, а сепак испадна поради гол на гости.
Роналдо потоа го покрил лицето со рацете во соблекувалната и се чинело како да липа додека по неуспехот седел сам во соблекувалната.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познат е првиот голем турнир на кој ќе настапува Новак – вакцините не се пречка

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната во Дубаи, соопштено е во …