(ВИДЕО) Како стјуардеса од Југославија преживеала пад од 10.000 метри

На 26. јануари 1972. година, Весна Вуловиќ работела како стјуардеса во авионот „Даглас ДЦ-9“ на Југословенската авиокомпанија, кога се урнал меѓу планините во Чехословачка. Сите други 27. патници и членови на екипажот загинале, освен Вуловиќ, кој за чудо преживеа.
Според истражителите, стјуардесата останала заробена меѓу количките со храна во опашката на авионот додека паѓал на земја. Опашката паднала во пошумениот и покриен со снег дел од планината, за кој се сметало дека го ублажил ударот и и’ помогнал да преживее.
Весна ја спасил Бруно Хонке, шумар кој ја слушнал како вреска во мрак додека делови од авионот паѓале околу неа.
Иако официјални лица тврделе дека авионската несреќа е резултат на експлозија на бомба, последователните истраги тврделе дека чехословачката противвоздушна одбрана го урнала авионот по грешка, што подоцна го прикриле во соработка со југословенските тајни служби.
По пристигнувањето во болницата, стјуардесата паднала во кома од која се разбудила по 10. дена. Имала фрактура на черепот, два смачкани пршлени и скршена карлица, неколку ребра и двете нозе.
„Бев скршена и лекарите повторно ме составија. Никој никогаш не очекуваше дека ќе живеам толку долго“, изјави таа за New York Times во 2008. година.


Падот и донесе на Весна место во Гинисовата книга на рекорди во 1985. година за најголемиот пад што човек го преживеал без падобран.
Стјуардесата поради падот привремено останала парализирана од половината надолу, но со текот на времето речиси целосно се опоравила и се вратила на својата работа.
Спектакуларната приказна за преживувањето и донесе статус на славна личност во Србија, каде славата ја искористи за политички цели.
Таа беше отпуштена од својата работа во авиокомпанијата во 1990. година, откако учествувала во протестите против претседателот Слободан Милошевиќ, но избегнала апсење.
„Јас сум како мачка, имав девет животи. Но, ако националистичките сили надвладеат во оваа земја, моето срце ќе пукне“, изјавила таа за New York Times.
Таа починала во 2016. година на 67-годишна возраст.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …