Конзумирањето на овие пет природни намирници ќе има повеќекратни придобивки за вашето тело.
Во времето на глобалната пандемија на корона вирус, почнавме повеќе да го цениме нашето здравје и да се грижиме за храната што ја консумираме, видовите на храна и се повеќе се свртуваме кон природата и органските производи. Медиумите во Индија ги пренесуваат советите од нивната традиционална медицина и советуваат на кои пет намирници слободно можеме да се потпреме доколку сакаме да имаме силен имунитет, да го заштитиме организмот од разни болести и конечно – да си го продолжиме животот.
Лук
Активните состојки во лукот можат да го намалат крвниот притисок и холестеролот, а ефикасен е и при болки во телото и настинки. Најдобро е да се консумира свеж, сиров, а се препорачува секој ден да јадете по две чешниња лук на празен стомак.
Јаболка
Ова овошје е богато со влакна и вода, па го намалува нивото на холестерол и може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања. Јаболката можете да ги користите и за подготовка на десерти и многу други јадења, а можете да ги јадете и сирови. Содржат и полифеноли, па се одлични за дијабетичари.
Кељ
Кељот припаѓа на семејството на зелките, а изобилува со различни хранливи материи. Оваа храна содржи големи количини на витамини, калциум, влакна и антиоксиданси, а освен тоа е еден од најдобрите извори на витамин К. Покрај тоа, кељот е одличен за луѓето кои имаат проблеми со срцето. Кељот можете да го користите за салати, супи или пак да го јадете сиров.
Куркума
Куркумата е позната по своите антивоспалителни својства, а има и многу други здравствени придобивки, па затоа е добра за луѓето кои имаат проблеми со крвниот притисок и холестеролот. Исто така, оваа намирница во голема мера го успорува процесот на стареење.
Зелен чај
Зелениот чај е еден од најздравите пијалоци кој содржи многу хранливи материи и има голем број здравствени придобивки доколку се консумира редовно. Исто така, овој чај помага за слабеење и го забрзува метаболизмот.