НЕГОВИТЕ СИМПТОМИ СЕ ТИВКИ И СКРИЕНИ, А ПОТОА СТАНУВА ДОЦНА: Навреме откријте ги знаците на подмолен и агресивен карцином!

Симптомите на рак на лимфните јазли многу често остануваат незабележани или може да се припишат на нешто значително побезопасно.
Лимфомот е малигно заболување на лимфното ткиво, кое е составен дел од имунолошкиот систем на нашето тело.
Лимфниот систем вклучува лимфни јазли (жлезди), лимфни садови, слезина и тимус. Лимфомот може да ги зафати споменатите делови на лимфниот систем, како и сите други органи и делови од телото.

Двата основни типа на лимфом се:


– Хочкин

– Не-Хочкинов лимфом


Начинот на лекување зависи од видот и фазата на лимфомот. Третманот на лимфомот може да вклучува хемотерапија, имунотерапија, радиотерапија, трансплантација на коскена срцевина или комбинација од овие методи.

Симптоми на лимфом:

– Безболно зголемување на лимфните јазли во вратот, пазувите или во препоните

– Треска

– Ноќно потење

– Недостаток на здив

– Неочекувано и необјасниво губење на тежината

– Замор и малаксаност

– Чешање и осип на кожата

– Болки во стомакот

Бидејќи сите овие симптоми се неспецифични, тешко е да се дијагностицираат во рана фаза на болеста. Познавањето на развојот и влошувањето на симптомите може да предизвика сомнеж и да го насочи прегледот кон лимфниот систем, особено ако е присутно зголемување на лимфните јазли.

Јасната причина за лимфомот сè уште не е откриена. Она што досега е утврдено е дека откако ќе настане мутација во клетките на имунолошкиот систем (лимфоцити), доаѓа до нивно неконтролирано размножување и со тек на време се појавува лимфомот.

Постојат некои фактори чие присуство може да значи зголемен ризик од развој на лимфом, како што се:

– Возраст – некои од лимфомите се почести кај помладите, додека другите видови лимфоми се почести кај постарите лица.

– Пол – има малку поголема инциденца на лимфом кај мажите.

– Нарушувања на имунолошкиот систем – лимфомот е почест кај луѓе кои имаат нарушување на имунолошкиот систем, или земале имуносупресивни лекови.

– Инфекциите со некои микроорганизми се поврзани со зголемен ризик од развој на лимфом, како што е вирусот Епштајн-Бар или ХИВ инфекцијата.
Постоењето и дејството на некој од горенаведените фактори не значи дека сигурно ќе се појави лимфом. Тие се само фактори кои можат да ја зголемат можноста за појава на овој малигнен тумор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …