Бараж за СП: Португалија или Италија нема да играат во Катар – Тежок противник за Македонија!

Во Женева се одржа ждрепката за бараж на европските репрезентации за одење на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Во новиот бараж формат, 12. екипи се поделени во три „патеки“ во кои четири селекции ќе играат полуфинални и финални дуели.
Ждрепката одлучи полуфиналните двојки да ги сочинуваат:

Патека А:
Шкотска – Украина
Велс – Австрија


Патека Б:
Русија – Полска
Шведска – Чешка

Патека Ц:
Италија – Северна Македонија
Португалија – Турција


Полуфиналните натпревари од плеј-офот (само еден натпревар) ќе се играат на 24. март 2022. година, а финалните натпревари за Катар се закажани за 29. март, а нивниот дом ќе биде решен со следната ждрепка.
Од Европа, пласман во Катар претходно обезбедија: Германија, Данска, Франција, Белгија, Шпанија, Англија, Швајцарија, Холандија, Хрватска и Србија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …