Што ве прави одлични во кревет, според хороскопскиот знак?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…

Секој од постоечките 12. хороскопски знаци има нешто што ве прави да се истакнувате за време на водење љубов, поради што вашите партнери го паметат или поради што му се верни. Иако за некои луѓе, како што се Скорпиите, може да се каже дека имаат добитна комбинација која го фрла партнерот на колена, тоа не значи дека некои трикови не можат да се совладаат. Доколку сакате да се забавувате и да научите нешто корисно, ви предлагаме да седнете удобно и внимателно да го прочитате остатокот од текстот.
А сега, започнуваме со денешниот мини водич…


Овен (21 март – 19 април)
Бидејќи овој знак е поврзан со Марс, односно страст, не е чудно што луѓето кои му припаѓаат покажуваат иницијатива во креветот. Огнени се и секогаш подготвени да се препуштат на уживањето кое понекогаш вклучува помагала, во вид на камшици.

Бик (20 април – 20 мај)
Припадниците на овој знак се одликуваат со издржливост, а сакаат лесно темпо и пријатна атмосфера, во која одлично се вклопуваат свеќи, свилена постелнина, како и многу гушкање. Еден од предлозите за нивните партнери е секс на отворено на внимателно избрана локација.


Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Близнаците сакаат да флертуваат со пораки и да шепотат во екстаза, а за нив не е доволно само водење љубов, бидејќи се е придружено со тон. Затоа, со нив никогаш не е монотоно.

Рак (21 јуни – 22 јули)
Дури и афера за една ноќ може да биде повеќе од секс за нив. Понекогаш се чини дека тие можат да читаат мисли и да погодат кои се вашите фантазии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Кучето прво ги почувствувало ударите на бебето во стомакот, неговата реакција е сè

Кучето Гус било спасено откако било пронајден врзан за столб и е многу благодарен на …